Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Енис Барди ги изнесе своите очекувања за утрешниот меч со Белгија.
Тоа е првиот од двата натпревари кои македонските фудбалери ќе ги играат во јунскиот „прозорец“ од квалификациите за СП 2026-та.
Домашниот терен и поддршката од публиката секогаш за Барди и соиграчите била огромен мотив против големите фаворити како Белгија
„Знаеме што значи кога играме дома, а сите мора да преземеме одговорност. Мора да покажеме дека кај нас дома е тешко да се победи. Сме освојувале бодови против Италија и Англија.
На домашен терен не смееме лесно да се предадеме, напротив, мора тоа да ни е најсилно оружје.
Секој од нас да го знае тоа и и во утрешниот меч мора да дадеме 100% од себе“, нагласи Барди.
Дуелот меѓу Македонија и Белгија што ќе се игра на арената „Тодор Проевски“ ќе почне во 21 часот.
Црвено-жолтите три дена подоцна (9 јуни), ќе гостуваат во Астана кај Казахстан.






































