Женската одбојкарска репрезентација на Македонија денеска го почнмува својот втор настап во Девропската Сребрена лига на ЦЕВ.
Македонските одбојкарки ќе играат пред домашната, струмичка, публика во спортската сала „Парк“. Тоа ќе биде и дополнителен мотив, за со поддршката од публиката, да стигнат до прва историска победа.
Првиот од трите турнири го отвораат токму македонските одбојкарки. Тие вечерва од 20 часот ќе играат против Луксембург. Утре (31 мај) нашите одбојкарки се слободни, додека Луксембург игра со Швајцарија од 20 часот. На последниот ден од турнирот (1 јуни – недела), во истиот термин (20 часот), Македонија ја пречекува Швајцарија.

Натпреварите од првиот турнир од Европската Сребрена лига ќе одат низ директен телевизиски пренос на МРТ.
Потсетување дека и на третиот турнир македонските одбојкарки ќе играат на домашен терен во Струмица. Претходно вториот турнир ќе се одиграа на Фарски Острови, (6-8 јуни), каде да противници покрај домашната селекција ќе ја имаме и репрезентацијата.
За сите љубители на одбојката, влезот во салата „Парк“ е слободен и може да им дадат поддршка на нашите одбојкарки.
 
             
		