Машката младинска репрезентација на Македонија за кошаркари до 20летово ќе игра во „Б“ дивизијата на Европското првенство. Шампионатот ќе се одржува од 11 до 20 јули во главниот град на Ерменија, Ереван.

Селекторот Горан Самарџиев денеска го објави поширокиот список со вкупно 22.кошаркари. Тие треба да се појават на првата прозивка закажана за 2 jуни, во СРЦ „Кале“ во Скопје.

На списокот на Самарџиев има и седуммина кошаркари кои настапуваат во странство.

СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРИ „ПОД 20“

Марко Луканоски – Игокеа (БиХ)
Коста Ќириловски – Игокеа (БИХ)
Исак Муареми – Монтебелуна (ИТА)
Грегориј Јакимовски – Виртус Валмонтоне (ИТА)
Павел Иванов – Бартон Колеџ (САД)
Матеј Николовски – Флорида Костал (САД)
Ангел Кечовски Универзитет – Оукленд (САД)
Сергеј Младеновски – Вардар
Андреј Чадамов – Тиквеш
Бојан Величковски – МЗТ Скопје Аеродром
Димитар Зетов – МЗТ Скопје Аеродром
Дино Лазарeв – МЗТ Уни Банка
Атанасиј Трајанов – Партизан Водно Санс
Бојан Димитриев – Партизан Водно Санс
Стефан Стојковиќ – Феникс 2010
Андреј Стојановски – Феникс 2010
Филип Димитриевски – Феникс 2010
Ангел Стојанов – Ангели
Јордан Кузманов – Кожув
Андреј Андоновски – Бутел
Малик Тачи – Чаир 2030
Стефан Јаневски – Мега Баскет

Селектор: Горан Самарџиев