Младите фудбалскаи селекции на макеоднија и Словенија до 18 години го одиграа првиот контролен меѓусебен дуел.
Наппребварот што се одигра во Птуј попладнево, заврши со по еден постигнат гол и без победник (1-1).
Словенците беа подобар противник во првиот дел и поведоа со голот на Сунта уште во 11-тата минута.
Избраниците на селекторот Ерхан Селим, влегоа помотивирано во продолжението. Офанзивната игра вроди со плод во 54.минута по одличниот индивидуален потег на Ненад Дамјановски.
Вториот контролен натпревар, Словенија и Македонија ќе го одиграат во четврток во 11. часот.





































