Фудбалската репрезентација на Македонија до 18 години ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Словенија. Контролните средби ќе бидат одиграни во градот Птуј, во Словенија.

Првата контролна пресметка на програмата е на 27 мај со почеток во 17 часот. Два дена подоцна се игра вториот контролен натпревар во 11 часот.

Поради повреда на списокот не се најдоа Стефан Младеновски и Луан Реџепи.

Селекторот, Ерхан Селими за претстојните контролни натпревари со Словенија се одлучи да ги повика следните фудбалери:

ГОЛМАНИ:
Давид Илоски А.П. Брера
Онур Бешир Шкендија

ОДБРАНА:
Златко Радески Вардар
Абдулах Аслани Лунгби Данска
Горазд Ристовски Црвена Звезда Србија
Давид Стојаноски Браво, Словенија
Лука Атанасовски Беласица
Андреј Мурџески Вардар
Назиф Цека Шкендија
Емир Шаботиќ Вардар

СРЕДЕН РЕД
Каменчо Андоновски А.П. Брера
Кренар Хоти Работнички
Марко Киш Њу Старс
Ариф Локи ХБ Коге Данска
Мерт Адеми Аален Германија
Семир Исљами Сион, Швајцарија
Бојан Затуроски Охрид Лихнидос
Адмир Љатифи Беса
Аритон Мехмед Шкупи

НАПАД:
Игор Ристов А.П. Брера
Хисар Али Беса
Димитар Шаркоски Победа