Екипите на МЗТ Скопје Аеродром и ТФТ се само на еден чекор кон пласманот во финале на плеј-офот. Двете првопласирани екипи во оној регуларен дел, ја искористија предноста на домашниот терен и имаат водство од 2:0 во победи во серијата што се игра до три добиени.

Први да обезбедат пласман во финалето имаат актуелните шампиони, кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром. Тие важат за фаворити во дуелот со МКК Куманово кој во првиот дуел го надиграа убедливо.

Сепак кумановци предно дени од поранешниот македонски селектор Докузовски, на вториот меч покажаа дека нема лесно да се предадат. Поддршката од трибините сигурно нема да недостасува, но ќе недостасува Тадиќ кој го пропуши и претходниот меч.

Ќе имаа ли сили кошаркарите на Куманово да се изборат барем за уште еден натпревар, што повторно би го играле на думаше терен, останува да видиме.

Денешниот дуел, број три, меѓу Куманово и МЗТ Скопје ќе почне во терминот од 19 часот.

За утревечер во Кисела Вода закажан е третиот меч од второто полуфинале меѓу Работнички и ТФТ. И во него гостите (ТФТ) ќе влезат со „меч топка“ за финале, бидејќи водат со 2:0 во победи.

Двата натпревари може да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)