И без својот најдобар играч Џејсон Тејтјум екипата на Бостон славеше победа над Њујорк со 127:102.
Со овој триумф актуелниот НБА шампион ја намали предноста на противникот на 2-3 во победи во полуфиналето на Источната конференција од плеј-офот.
Селтикс имаа неверојатно шутерско шоу пред своите навивачи, по на Никс им уфрлија 22 тројки. Седум од нив постигна Дерик Вајт кој натпреварот го заврши како најефикасен со 34 поени. Втор стрелец во победничката екипа беше Џејлен Браун со 26 поени на кои додаде 8 скока.
Во поразениот тим на Њујорк, Харт постигна 28 поеи (и 7 скока), а Бронсон заврши со 19 поени.
Втората шанса за место во финалето Њујорк ќе ка има во сабота наутро во 2 часот во дуелот пред своите навивачи. Исходот го чекаат кошаркарите на Индијана кои веќе се пласираа во финалето на истокот.