Тимот на Минесота е првиот што обезбеди финале во Западната конференција на НБА плеј-офот.

Тимбервулфс пред своите навивачи го совладаа Голден Стејт со 121:110 и со 4-1 во победи ја добија полуфиналната серија,

Од почетокот до самиот крај на натпреварот Минесота даде до знаење дека Вориорси без Стеф Кари нема што да бараат.

Џулиус Рендл постигна 29 поени и беше прв стрелец, а двоен ефект оствари Ентони Едвардс со 22 поени и 12 асистенции .

Минесота сега го чекаат победникот од серијата Оклахома Сити Тандер – Денвер Нагетс. Таку резултатот е 3-2 во победи за Оклахома, а шестиот натпревар ќе се игра во Денвер, ноќеска во 2.30 часот по полноќ.