Во кошаркарското првенство на Македонија, односно Првата машка лига, се игра самата завршница односно полуфиналните во плеј-офот натпревари.
Денеска и утре на програмата се вторите натпревари. Како и пред три-четири дена, трие ќе се играат во СЦ „Јане Сандански“ и „Кале“. Во нив, домашните екипите на МЗТ Скопје Аеродром и ТФТ влегуваат со предност, откако веќе еднаш остварија победи во дуелите со МКК Куманово и Работнички.
Први шанса за водство од 2:0, во серијата што се игра на три победи, ќе имаат кошаркарите на актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром. Тие првиот дуел со кумановци го добија лесно и убедливо со 17 разлика (81-64). Затоа и попладнево МЗТ, но и во целата серија, ја има улогата на голем фаворит.
Задачата на Куманово е да се покаже во подобро светло и да докаже дека не случајно е меѓу четирите најдобри.
Денешниот дуел меѓу МЗТ Скопје и Куманово ќе почне до 18.30 часот.
Утре (среда), својот втор натпревар ќе го играат ТФТ и Работнички. Драмата која беше решена по продолжение во првиот меч, ветува интересен дуел број 2.
Тогаш се радуваа домаќините, кошаркарите на ТФТ, а како ќе биде утре ќе дознаеме по мечот што ќе почне до 19 часот.
Двата натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк).




































