Тимот на Голден Стејт не е истиот без Стеф Кари, па повторно претрпе пораз од Минесота.

Во четвртиот натпревар од полуфиналето на Западот, на НБА плеј-офот „Воините“ загубија од Минесота со 110:117 и се пред елиминација. Тимбервулфс сега поведоа со 3:1 во победи и ги дели една победа од конференциското финале.

На дуелот во Сан Франциско решавачка беше третата четвртина која Минесота ја доби со 39-17 и нараби предност од 20 поени. Домашниот тим иако беше подобар во последниот квартал, не успеа да ја надополни негативата.

Најефикасен играч на Тимбервулвс беше Џулиус Рендл со 31 поен, еден повеќе од неговиот соиграч Ентони Едвардс. Џејден МекДениелс имаше дабл-дабл со десет поени и 13 скока.

Кај Вориорс, кој се тешко функционираат без Стеф Кари, прв стрелец беше Џонатан Куминга со 23 поени, додека Дрејмонд Грин и Џими Батлер постигнаа по 14 поени.

Првата „меч“ топка за конференциско финале Минесота ќе ја има во четврток наутро пред своите навивачи.