И ова го има во Македонија. Ова повеќе наликува на нива на кој некој земјоделец подзаборавил да ја обработи, отколку на терен, на кој се играат официјални фудбалски натпревари.

Имено на оваа „нива“ се одигра полуфиналето во Купот на Македонија за играчи до 18 години меѓу Шкупи и Македонија Ѓорче Петров.

И сега се прашувате како и кој воопшто дозволил во оваа „нива“ младите фудбалски таленти воопшто да излезат и да играат!?

Натпреварувањето е во организација на ФФМ, која дала лиценци или одобрува на кои терени ќе се играат натпреварите. Но, очигледно дека задолжените за тоа нималку не им е грижа дали има услови за тоа.

А, последиците се катастрофални. Спорт Плус дознава, дека токму на овој терен само сезонава двајца талентирани фудбалери. Тие се здобиле со тешки повреди на вкрстен лигамет на коленото, па сезоната тие ја завршија. Ние само може да им посакаме брзо оправување и враќање на терените, но никако на вакви и слични на овие.

Што се однесува до резултатите. Пласман во финалето, обезбедија екипите на Шкупи и АП Брера кои беа подобро од врсниците од Македонија ЃП и Работнички.

Среќа што ФФМ финалните натпревари вообичаено го организира на тренинг центарот во Аеродром, па вакви слики сигурно нема да гледаме.