Второлигашката машка кошаркарска конкуренција денеска ги дони реванш четвртфиналните натпревари од плеј-офот.

Три од четирите екипи кои ќе играат на гостински терен во денешните дуели влегуваат со предност од 1:0 во победи. Евентуални нивни триумфи и денеска ќе значи и промоција во полуфиналната рунда.

Ако се суди според одиграното во неделата на првите натпревари, тогаш најнеизвесно се очекува да биде во Велес. Екипата на Борец ќе се обиде да му се реваншира на составот на Ангели за поразот во последната секунда на првиот меч.

Екипата на Црн Дрим која беше единствената што загуби во првиот дуел на домашен терен. Сега стружани ќе сакаа „ри-брејк“ на теренот на вториот тим на МЗТ Скопје У.Б.

Маџари, па до некаде и Соколи славеа убедливи победи над Охрид и Бутел. Сега двата тима ќе сакаат повторно да ја оправдаат фаворитската улога и да ја завршат четвртфиналната обврска.

Сите натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)

ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – ПЛЕЈ-ОФ
ЧЕТВРТФИНАЛЕ (РЕВАНШ)

СРЕДА
17:00 ОХРИД – МАЏАРИ (0:1 во победи)
17:00 МЗТ СКОПЈЕ У.Б. – ЦРН ДРИМ (0:1)
19:00 БУТЕЛ – СОКОЛИ (0:1)
19:30 БОРЕЦ БАСКЕТ – АНГЕЛИ (0:1)

Пласман во полуфиналето ќе обезбедат екипите што први ќе остварат две победи. Финалистите пак, следната сезона ќе играат во Првата лига.