Супер интересен прв дуел одиграа кошаркарите на Бостон и Њујорк во полуфиналето од НБА плеј-офот во источната конкуренција.
На разочарување на домашните навивачи и играчи, гостите славеа победа со 105:108 по дополнителните пет минути.
Селтикси влегоа во натпреварот против Никсите како големи фаворити бидејќи го добија сите претходни натпревар од април минатата година наваму. Сепак, домашните го подигнаа нивото на игра до паузата, на која екипите заминаа на пауза со резултат 61:45 за Бостон.
Бостон во третата четвртина водеше и со дваесет поени разлика, но и тоа не беше доволно да се радува.
Њујорк ја надополни негативата, а во финишот и поведе за Селтиксите да бидат оние кои бракаа нагетива. Успеаја во тоа и го израмнија резултатот на 100:100. Продолжението, гостите добија само со осум постигнати поени, бидејќи Селтикси беа полоши со само пет поени.
Победничкиот тим го предводеа Ануноби и Брансон со по 29 поени, додека Карл-Ентони Таунс и Џош Харт остварија дабл-дабл (14 поени, 13 скока) и (14 поени, 11 скока).
Од друга страна, Џејлен Браун беше запрен на 23 поени, седум скока и пет асистенции, додека Џејсон Тејтум оствари 16 скока и шест асистенции заедно со 23 коша.