Со натпреварот одигран попладнево на Чаир, во кој Шкупи го пречека Вардар стартуваше 30-тата рунда во Првата македонска фудбалска лига.

Дуелот на лутите ривали заврши со победа на Вардар со 2-0.

Првата голема шанса ја имаа домаќините во 18.минута кога за малку на уфрлувањето на Кадриу, задоцни Имери. Во финишот на првиот дел 42.минута, Вардарци останаа без тренерот Гоце Седлоски кој заработи црвен картон. Сепак, само две минути (44) подоцна црвено-црните поведоа со 1-0. По брзата контра од десната страна Роџерс Мато и побегна на домашната одбрана и го совлада Денковски за 0-1. Тоа беше и резултат по првиот дел.

Во вториот, односно 60.минута домаќините можеа да израмнат. По акцијата и нафрлувањето на Мехмеди, обидот на Ибиши заврши сантиметри крај вардаровиот гол.

Затоа пак во 68.минута вардарци не пропуштија да казнат. По центаршутот на Закариќ, на вистинското место крај заспаната домашна добрани се најде Хрватот, Матиќ кој зголеми на 0-2

ФОТО | МАТЕЈЧО

По оваа победа, Вардар се зацврсти на шестото место на табелата со бод помалку од Гостивар, а 4 повеќе од денешниот противник Шкупи.

Останатите четири натпревари на програмата се утре во терминот од 16 часот. По откажувањето на Воска спорт од понатамошниот тек на првенството, во ова коло слободна е екипата на Тиквеш.

ТАБЕЛА ПМФЛ by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА