Одбојкарките на Јанта волеј и Работнички вечерва ќе го играат третиот натпревар од финалето, односно дуелите за шампионскиот трофеј.

По двете победи (дома и гости) одбојкарките на Јанта фолеј ќе ја имаат првата шанса да го освојат шампионскиот трофеј. Водството од 2:0 во триумфи во серијата подобар до три, им дава голема предност на одбојкарките од Кисела Вода.

Шансата за својата четврта титула тие ќе ја имаа пред домашната публика во саката на ОУ „Невена Ѓорѓиева Дуња“.

Но, за тоа ќе мора да одиграат најмалку на нивото на вториот меч кој го добија со 3:1 во сетови. Потсетување дека во првиот со храбра игра и пресврт одбојкарките на Јанта волеј се „извлекоа„ со 3:2. Борба за секој поен сигурно нема да недостасува, а дали тоа ќе биде доволно за трофеј или нов (четврти) натпревар ќе видиме.

Работнички од другата страна покажа дека има одлиен млад тим и дека е желен да се надигрува.

Како ќе изгледа сето тоа на теренот ќе видиме во мечот што ќе почне од 19.30 часот со директен ТВ пренос на МРТ3 (овде).