Во кошаркарската Прва лига, односно четвртфиналето на плеј-офот денеска и утре ќе се играат вторите натпревари.

Како и пред три дена, и овие натпревар се играат на ист терен, а во нив домаќините влегуваат со предност од 1:0 во победи.

Денеска на програмата се три дуели, а ќе почне со средбата во СЦ „Кале“ каде ТФТ го пречекува Чаир. Во попладневен термин во „Јане Сандански“ ќе играат шампионат МЗТ Скопје Аеродром и Феникс. Дуелот во Куманово каде кај истоимената домашна екипа гостува Кожув е закажан во терминот од 19 часот.

Утре во истиот термин во Кисела Вода ќе играат Работнички и Пелистер.

Сите натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – ПЛЕЈ-ОФ ЧЕТВРТФИНАЛЕ
(втор натпревар)

Сабота / 26 април
13:00 ТФТ – ЧАИР (1:0 во победи)
16:00 МЗТ СКОПЈЕ А. – ФЕНИКС (1:0)
19:00 КУМАНОВО – КОЖУВ (1:0)
Недела
19:00 РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР (1:0)

*Се игра во три добиени натпревари