Продолжениот викенд можеби ќе ни донесе прва среќа? Ајде да се пробаме повторно и да направиме тикет во Златна Копачка, каде што редовно ги играме овие тикети на колото.
За овој викенд, одбравме 6 пара кои веруваме дека ќе ни донесат добивка, а еве и мало објаснување зошто баш овие натпревари и зошто баш овие игри.
Барселона – Селта: 1
Барселона ќе може да се фокусира на домашното првенство откако обезбедија пласман во полуфиналето на Лигата на шампионите, а пред натпреварот со Реал Мадрид во финалето, ги очекува дуел со битни 3 бода кои треба да се освојат. Веруваме дека ќе слават против Селта, но не очекуваме голови во прво, па затоа ќе пробаме со 1 и 1+ второ како опција за повисок коефициент наместо чист 1.
Шалка – Хамбургер: 1+ 1+
И двата тима се во добра форма кога се во прашање постигнување и примање голови во последните 5 натпревари, па затоа наместо 3+ ќе пробаме со 1+ 1+ како посигурна варијанта.
Реал Мадрид – Атл. Билбао: 1
На Реал победа му е потребна како „леб“ бидејќи сезоната ќе се спасува со Ла Лига титула можеб или Копа Дел Реј. За да останат во игра со Барса за титулата во домашното првенство, потребна му е победа викендов против Билбао. Гостите од Баскија ќе имаат само 2 дена одмор, па веруваме дека кралевите ќе можат до победа во дербито на колото.
Болоња – Интер: 0-2 гола во прво полувреме и 1-3 гола во второ полувреме
Гостите „традиционално“ се исцрпени и изморени, но имаат одбрана која може да се пофали со малце голови. Затоа очекуваме да нема повеќе од 2 гола во прво полувреме и да има од 1 до 3 гола во второ. Да не додаваме дека и коефициентот е одличен за оваа игра.
Милан – Аталанта: ГГ
Можеби најсигурниот пар од овој тикет? Очекуваме по 1 гол во двете мрежи бидејќи и едните и другите играат офанзивен фудбал, а често преферираат и гол повеќе без разлика колку ќе примат.
Фулам – Челси: 3+
Домаќините играат традиционално на голови кога се на Кревен Котиџ, а гостите им е потребна победа за да останат во игра за место во Лигата на шампионите, што значи дека ќе нападнат уште од првата минута. Затоа овој дуел ќе го играме на голови и 3+.
Доколку ти се допаѓа овој тикет, можеш да го одиграш во било која Златна Копачка.
Првиот натпревар започнува утре, во сабота, а кодот за брза уплата е:
W04180822223

 
             
		