Откако вчера ги дознавме полуфиналистите, денеска ќе ги дознаеме и четирите тима кои ќе продолжат во Луга Европа и Конференциската лига.

На програмата се реванш четвртфиналните дуели во двете натпреварувања.

Прво од 18.45 часот ќе се одиграат два дуели од Конференциската лига, по кои ќе биде познат и првиот полуфинален пар. Во нив, тимот на македонскиот репрезентативец Чурлинов, екипата на Јагелонија ќе треба да надополни два гола негатива во дуелот со Бетис. Фиорентина на домашен терен со гол повеќе ќе го почне реваншот со Целје.

Вториот полуфинален пар во ова натпреварување ќе биде познат по дуелите
Челзи – Легија и Рапид – Дјургарден што ќе почнат од 21 часот

Во истиот термин ќе стартуваат сите четири меча во Лига Европа.
Дури три од нив практично ќе почнат од „нула“ бидејќи на првите дуели немаше победник, односно завршија нерешено.

ЛИГА ЕВРОПА – ЧЕТВРТФИНАЛЕ РЕВАНШ
21:00 часот
АТЛЕТИК БИЛБАО – Г. РЕНЏЕРС (0-0 прв натпревар)
АЈНТРАХТ ФРАНКФУРТ – ТОТЕНХЕМ (1-1)
МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД – ЛИОН (2-2)
ЛАЦИО – БОДО/ГЛИМТ (0-2)

КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА – ЧЕТВРТФИНАЛЕ РЕВАНШ
18.45 часот

ЈАГЕЛОНИЈА – БЕТИС (0-2 прв натпревар)
ФИОРЕНТИНА – ЦЕЛЈЕ (2-1)
21:00 часот
ЧЕЛЗИ – ЛЕГИЈА (3-0)
РАПИД – ДЈУРГАРДЕН (1-0)