Екипата на Интер им се приклучи на Барселона и ПСЖ, меѓу четирите најдобри кои ќе продолжат со настап во Лигата на шампионите.

Ова е исходот по двомечот на Интер со минхенски Баерн во кој клучен се покажа првиот меч кој италијанскиот шампион во Минхен, го добија со 2-1. Реванш Натпреварот одигран во Милано, вечерва, заврши без победник 2-2.

Во вториот дел по само седум минути игра (52), Англичанецот, Хари Кејн успеа да ја затресе мрежата на Зомер и да ја анулира негативата од Минхен.

Сепак, италијанскиот првак набрзина постигна два гола и ја врати предноста во своја полза. Аргентинецот, Лаутаро Мартинез најдобро се снајде по корнерот во левата страна и во 58.минута израмни на 1-1.

Веќе во 61.минута „неро-азурите“ поведоа со 2-1, а стрелец на голот беше Бенџамин Павард.

Иако во тој момент италијанскиот шампион имаше два гола предност (вкупно), сепак Баерн уште еднаш ја покажа германската упорност. Притисокот што го направија Баварците резултираше со израмнување во 76.минута кога Даер погоди за 2-2.

Бадијала се покажаа сите обиди на германскиот тим во продолжението на натпреварот, бидејќи резултатот остана не променет.

Така Интер со вкупни 4-3 го доби двомечот, па во полуфиналето ќе игра против шпанската Барселона.

Следете нé на социјалните мрежи