Фудбалерите на Барселона се пласираа во полуфиналето на Лигата на шампионите.

Шпанскиот тим ја сочува предност од 4-0 од првиот меч против Борусија од која вечерва загуби со 1-3.

Вистински „пекол“ преживеаја фудбалерите на Барса, како од атмосферата на стадионот „ Сигнал Идуна Парк“, така и на теренот.

Популарните „милионерите“ уште од самиот старт тргнаа многу офанзивно. Барса 10 минути не мина ниту на половината на домаќинот, кој веќе поведе со 1-0. Стрелец на голот беше Гираси од пенал.

Домашните фудбалери продолжија со притисокот кон голот на Шчешни. Во 16.минута Паскал Грос ја затресе мрежата на Барса, но голот беше поништен поради офсајд. Тоа како да ги под разбуди гостинските фудбалери, па кончено и тие нешто заиграа. Но иницијативата на Борусија продолжи, сепак без промена на резултатот до крајот на првиот дел.

И вториот дел започна фантастично за Борусија, По само пет минути игра (49) Гираси со својот втор гол зголеми на 2-0. Ни, не траеше долго радоста на домашниот тим. Имено во 54.минута Алжирецот, Бенсебаини со постигна автогол за 2-1.

Репрезентативецот на Гвинеја, Гираси натпреварот го заврши со хет-три. Во 77.минута ја казни грешката на Араухо, за водство на „милионерите“ од 3-1.

Четири минути подоцна уште еднаш се затресе мрежата на Шчешни, но и тој гол беше поништен поради офсајд. Немаа сили за нов погодок фудбалерите на Борусија, па оние на Барселона, може да здивнат и почнат да слават.

Барселона сега ќе го чека исходот од утрешниот дуел во Милано. Таму Интер ќе стартува со предност од еден гол, откако во Минхен славеше над Баерн со 2-1.

Следете нé на социјалните мрежи