Во НБА лигата веќе подолго време доминираат играчите од екс-ју просторите. Тоа се потврди и на синоќешните натпревари на двата тима од Лос Анџелес како и Денвер.
Поентерски овојпат предничеше Словенецот, Лука Дончиќ кој имаше емотивно враќање во Далас, од каде замина во Лос Анџелес.
Дончиќ постигна 42 поени, на кои додаде 8 скока и 6 асистенции во триумфот на Лејкерси до победата над Маверикс со 112-97.
Никола Јокиќ повторно оствари трипл-дабл. Овој пат Србинот заврши со 20 поени, 12 скока и 11 асистенции во победата на Денвер над Сакраменто со 124-116.
Сепак тимот на Денвер сеуште го нема потврдено своето место во плеј-офот, во кој од Западната конференција засега сигурни се само три екипи, а Нагетс се петти.
Едно место погоре, односно четврти е тимот на ЛА Клиперс кој стигна до 48-мата победа.
Пред своите навивачи Клиперси го совладаа Хјустон со 134-117.
Ивица Зубац натпреварот го заврши со 20 поени, 11 скока и десет асистенции. За 28-годипниот Хрват, кој сезонава безмалку на секој натпревари има двоен ефект, ова беѓе негов прв трип-дабл во кариерата.