Одбојкарите на УГД Штип втора година во низа се освојувачи на трофејот во Купот на Македонија.

Во финалето на завршниот турнир одржана во Радовиш, штипјани повторно беа подобри од Струмица.

Не очекувано убедливо по сако три одиграни сета УГД Штип го совлада актуелниот шампион Струмица со 3:0.

Најблиску до освојување барем на еден сет стумичани беа во вториот што го загубија на разлика 24-26. Во првиот и третиот штипјани одиграа како што посакуваат на на противникот му препуштија по три поени помалку (25-21 и 25-21).

За екипата на УГД Штип тоа е втор клупски трофеј во историјата, а по втор пат го освојува оној во купот. Овие два тима се очекува да играат и во финалето на плеј-офот, во кое Струмица би го бранела трофејот.