Младата женска фудбалска селекција на Македонија до 19 години, сои победа ги почна евро-квалификациите.

Во воведниот натпревар од Б лигата (рунда 2), на турнирот во Хрватска, македонските фудбалерки славеа над Литванија со 1-0.

На избраничките на селекторот, Астрит Мерко им се насмевна среќата па до триумфот стигнаа во судиското дополнение. Се играше втората минута од дополнувањето кога литванската фудбалерика Сапаите си постигна автогол.

Во петок (4 април) во рамките на второто коло, Македонија ќе игра против Ерменија, со почеток во 16:30 часот. Во последното коло, нашата селекција ќе игра против домаќинот Хрватска. Овој натпревар ќе се одигра на 7 април со почеток во 12:30 часот. Хрватките денеска ја совладаа Ерменија со 6-0.

Пласман во следната фаза „А лигата“ ќе обезбеди првопласираната селекција во оваа конкуренција.