Женската репрезентација на Македонија до 19 години, ќе учествува на квалификацискиот турнир од Б лигата (рунда 2) за пласман во А лигата на квалификации за Европско првенство.
Домаќин на квалификацискиот турнир ќе биде селекцијата на Хрватска, во периодот од 1 до 7 април. Во групата Б5, покрај Македонија и Хрватска, се и репрезентациите на Ерменија и Литванија.
Во 1.коло, кое на програмата е на 1 април, нашите млади фудбалерки ќе се соочат со селекцијата на Литванија. Натпреварот ќе се одигра на стадионот „Лучко“, со почеток во 16:30 часот.
На 4 април, во рамките на 2.коло, Македонија ќе игра против Ерменија, со почеток во 16:30 часот.
Во последното коло, нашата селекција ќе игра против домаќинот Хрватска. Овој натпревар ќе се одигра на 7 април со почеток во 12:30 часот, на стадионот Карловац.
На списокот на селекторот, Астрит Мерко се следните фудбалерки:
ГОЛМАНИ:
Ведрана Комненова – Скопје
Дијана Алуши – Ас Јунајтед
ОДБРАНА:
Катерина Петкова – Истатов
Михаела Додевска – Скопје
Слаѓана Ѓоргиева – Тиверија Брера
Ива Јовановска – Љуботен
Стефанија Веселинова – Каменица Саса
Васка Василева – Каменица Саса
Ана Боризоска – Скопје
СРЕДЕН РЕД:
Ева Конева – Свиеки Јунајтед, Малта
Ива Јосифова – Тиверија Брера
Јехона Велиу -Шафхаузен, Швајцарија
Сара Дика – Ас Јунајтед
Едина Мехмети – Цирих, Швајцарија
Кристина Крстева – Скопје
НАПАД:
Сара Димитриоски – Атлетико
Емили Митковска – Речица
Анастасија Илиевска – Топ Гол
Мелиса Димитриоски – Атлетико
Елена Симјонова – Љуботен
Следете ги актуелностите за женскиот македонски фудбал на Инстаграm на wmflmk




































