Фудбалската репрезентација на Македонија до 19 години одигра нерешено без погодоци против соодветната селекција на Албанија во првиот од двата контролни дуел меѓу овие селекции.

Пред почетокот на натпреварот што се играше во Корча, нашите младинци излегоа со транспарент, посветен на жртвите на кочанската несреќа.

Двете репрезентации одигра доста тврд натпревар, со многу борбеност и трчање. Одбраните и на двете репрезентации беа на висина на задачата, не оставајќи преголем простор за игра. Македонија одигра подобро второ полувреме во однос на првото во кое имаше повеќе од играта, но на крајот мрежите мируваа.

Втората контролна средба овие две репрезентации ќе ја одиграат на 23. март со почеток во 12. часот, исто во Корча.