Репрезентацијата на Македонија до 17 години одигра нерешено 2:2 против соодветната селекција на Шкотска во рамките на првото коло од квалификацискиот турнир за пласман во А лигата квалификации за Е.П.
Избраниците на селекторот Димитар Капинковски одиграа добар натпревар против домаќинот на турнироt, особено во првото полувреме, во кое сосема заслужено имавме предност со 1:0. Стрелец на водечкиот гол за Македонија на денешната средба беше Кристијан Марковски во 40. минута.
Во продолжението, противникот наметна иницијатива и успеа да направи комплетен пресврт. Бојд на самиот старт на второто полувреме, во 52. минута стрелаше за израмнување на резултатот. Во 80. минута, Хогарт успеа да погоди за комплетен пресврт и водство на Шкотска од 2:1. Нашите млади фудбалери успеа брзо да се вратат во игра и да го израмнат резултатот. Лорент Жаку во 83. минута направи одличен пресинг кон противничката одбрана и успеа да ја искористи грешката на голманот на Шкотска, постигнувајќи погодок за 2:2.
Инаку македонската делегација побара натпреварот да го игра во темни (црни) дресови поради трагедијата во Кочани, но Шкотите тоа не го дозволија.
Во вториот натпревар од нашата група, селекцијата на Романија го порази Лихтенштајн со неверојатни 10:0.
Репрезентацијата на Македонија до 17 години, во второто коло од квалификацискиот турнир од Б лигата игра против Лихтенштајн.