Познати се сите патници во четвртфиналето на фудбалската Лига на шампиони. Ова откако вечерва беа одиграни последните три реванш осминафинални дуели.

Шпанското дерби во Марди донесе голема драма и пенали, а на крајот се радуваа фудбалерите на Реал Мадрид.

Домашниот тим поведе по само 28.секунди игра со голот на Галагер со што ја анулира негативата од првиот меч (1-2). Реал во 70.минута, пропушти голема шанса за израмнување. Беше досуден пенал за „кралевите“, но Винициус биеше високо над голот на Облак. Реал се обидуваше со сите сили да стигне до израмнување, но тоа не му успеа, па се играа продолженија. И во нив немаше промена на резултатот, по што следуваа пеналите. Нив подобро ги изведоа фудбалерите на Реал кои реализираа 4, наспроти двата на Атлетико. Така актуелниот европски шампион обезбеди четвртфинале во кое за противник ќе го има Арсенал.

Англискиот тим вечерва во Лондон одигра 2-2 со ПСВ, но имаа убедлива предност „топчиите“ од 7-1 од првиот меч.

На дуелот во Бирмингем, Астон Вила повторно му даде три гола (3-0) на Клуб Бриж, кого во Белгија го совлада со 3-1.

Со тоа познати се сите двојки за четвртфиналето кое ќе се игра во првата половина на месец април.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ 1/4-ФИНАЛЕ

БАЕРН МИНХЕН – ИНТЕР
БАРСЕЛОНА – БОРУСИЈА ДОРТМУНД
ПСЖ – АСТОН ВИЛА / КЛУБ БРИЖ
АРСЕНАЛ – АТЛЕТИКО МАДРИД / РЕАЛ МАДРИД