Во НБА лигата ноќеска беше интересно, се одиграа девет натпревари, а дербито беше во Бостон каде гостуваше Оклахома Сити.
„Тандерси“ оствари победа против Селтикс со 118:112 со што го потврдија пласманот во плеј-офот. Речиси во текот на целиот натпревар гостите беа оние кои ја контролираа играта, а со тоа и резултатот. Шампионот само во втората четвртина имаше неколку водства, но не поголеми од два поени разлика.
Шаи Гилгеус-Александер повторо беше прво име во тимот на Оклахома, но и најефикасен на натпреварот со 34 поени (седум асистенции). Голем придонес во победата имаше и Чет Холмгрен со дабл-дабл учинокот со 23 поени и 15 скока.
Џејсон Тејтум за Бостон реализира 33 поени и по осум скока и асистенции.
Супер неизвесно беше во Њујорк каде гостуваше Портланд. Победникот беше решен со свукот на сирената и тоа по продолжение.
Микел Бриџис постигна тројка за победа на домашниот гостинскиот тим на Никс со 114-113. Токму Бриис беше со 33 поени најефикасниот играч на натпреварот и во победничката екипа.
Резултати на останатите натпревари:
Атланта – Шарлот 123-110
Торонто – Филаделфија 118-105
Хјустон – Феникс 111-104
Мемфис – Јута 122-115
Мајами – ЛА Клиперс 104-119
Сан Антонио – Далас 126-116
Денвер – Минесота 95-115