Вечерта во НБА лигата ја одбележа вечното дерби на двата најтрофејни тима ЛА Лејкерс и Бостон Селтикс.
Дуелот одигран во Бостон го добија актуелните шампиони Селтикс со 111:101 со што ја прекинаа победничката низа од осум натпревари на Лејкерси.
Гостите од ЛА немаа решение за тандемот на домашниот тим Џејсон Тејтјум и Џејлен Браун. Двајцата постигнаа 74 од 111-те поени на победничката екипа. Тејтјум заврши до дабл-дабл со 40 поени и 12 скока, а имаше и 8 асистенции. Браун на 34-те поени додаде шест асистенции.
Кај Лејкерси, Лука Дончиќ имаше учинок од 34 поени и 8 асистенции, а Леброн Џејмс 31 поени и шест асистенции.