Италијанскиот првак Интер дојде до рутински триумф на гостувањето во Холандија против Фејнорд. Резултатот од 2:0 беше доволен за единствениот италијански претставник во Лигата на шампионите, да слави во првиот осминафинален дуел.

Интер беше подоминантна и подобрата екипа низ текот на целиот натпревар, па головите сами си дојдоа. Прво Маркус Турам во првото полувреме во 38.та минута стрелаше за водство од 1:0. На 2:0 зголеми Лаутаро Мартинез во второто полувреме во 50.та минута, додека шанса за 3:0 испушти Питор Зиелински од пенал во 65.та минута.

Интер задоволен од својот резултат ќе го пречека Фејнорд следниот вторник со почеток од 21 часот и водство од 2:0. Натпреварот ќе се одигра на „Џузепе Меаца”.

Вечерва од 21 часот ќе се играат уште три натпревари.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ 1/8-ФИНАЛЕ
Среда (5 март)

ПСЖ – ЛИВЕРПУЛ од 21:00 часот
БАЕРН МИНХЕН – БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН
БЕНФИКА – БАРСЕЛОНА
ФЕЕНОРД – ИНТЕР 0-2