Фудбалерите на Барселона славеа победа на гостувањето кај Бенфика во првиот дуел од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Дуелот одигран во Лисабон, се водеше голема борба, двата тима имаа повеќе шанси, за на крај да заврши со 1-0 за Барса.

Гостите од Шпанија, ја наметнаа својата препознатлива игра и повеќе напаѓаа. Дани Олмо имаше одлична шанса, но неговиот удар Анатолиј Трубин фантастично го одбрани.

Но играта на Барса, мораше да се смени од 22.,минута кога Кубарси заработи директен црвен картон. Тоа им даде повеќе простор на домаќините за игра, кои ја презедоа иницијативата. Голема шанса имаше Турчинот, Керем Актуркоглу, но Шчешни со прекрасна интервенција го сочува својот гол.

Во судиското дополнение Рафиња имаше шанса да го отвори резултатот, Бразилецот имаше лошо решение. Сепак ударот на Рафиња во 61-вата минута беше неодбранлив за домашниот голман Трубин, па Барса поведе со 1-0.

Фудбалерите на Бенфика со сите сили се обидуваа да стигнат до израмнување, но резултатот остана не променет.

Реванш дуелот на „Монжуик“ во Барселона ќе се игра во вторник, 11 март.