Баерн Минхен со лекција од 3:0 дојде до победа против Баер Леверкузен.
„Баварците” со позитивен резултат ќе патуваат во реваншот каде „фармацевтите” ќе играат ослабени поради црвениот картон на Норди Мукиеле.
Резултатот го отвори Хари Кејн во деветтата минута од натпреварот. На вториот голл се чекаше до 54.минута кога Џамал Мусиала зголеми на 2-0. Резултатот го затвори Хари Кејн од пенал во 75.та минута. Баер Леверкузен од 62.та минута играа со 10 играчи поради црвениот картон на Норди Мукиеле.
Реваншот се игра во вторник во Леверкузен каде екипата на Чаби Алонсо ќе брка резултатска негатива од 3 гола. Тој натпревар ќе се игра во вторник на 12 март.