Шпанската пресметка меѓу Реал и Атлетико во Лигата на шампионите ги оправда очекувањата на љубителите на фудбалот.

Во мадридското дерби на „Сантијаго Бернабеу“, актуелниот европски шампион Реал го совлада Атлетико со 2-1.

Натпреварот за „Кралевите“ почна фантастично бидејќи веќе во четвртата минута Родриго донесе предност од 1-0. Гостите одговорија преку својот најдобар фудбалер. Хулиан Алварез во 32.минута на ефектен начин израмни на 1-1. Има аво продолжение уште по некоја шанса за гол, но резултатот по првиот дел остана не променет.

На почетокот на вториот, нова радост за домашните фудбалери и навивачи. Се играше 55-тата минута кога Брахим Дијаз проби по левата страна и со убав гол ми донесе ново водство на Реал.

Јалови беа нападите на Атлетико да стигне до израмнување, а и Реал пропушти да ја зголеми предноста, па конечниот резултат остана 2-1.

Овој резултат ветува и „пеколен“ возвратен натпревар на теренот на „јорганџиите“. Реванш дуелот Атлетико и Реал ќе го играат следната среда на 12 март.