Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ја оправдаа фаворитската улога во дуелот со последно пласираниот Вардар и забележаа нова победа.
Во натпреварот одигран попладнево во СЦ „Јане Сандански“, МЗТ до 14-тииот триумф стигна со конечни 88-66.
Уште по првата делница беше јасно дека Вардар нема шанси против МЗТ да се израдува на првата сезонска победа. Ги добија аеродромци првите две четвртини и веќе на полувремето имаа предност од 23 поени разлика 51-28. Вториот дел беше само чиста формалност па МЗТ на крајот славеше со 22 разлика.
За победничката екипа на МЗТ петмина кошаркари завршија со двоцифрен број на поени, а најмногу имаше Миловановиќ 16.
Покрај овој натпревар, денеска се одигра и дуелот Феникс – МКК Куманово кој го добија домаќините.
За попладнево закажани се уште два натпревари, а последните два ќе се играат утре и в понеделник.
ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 18 коло
Сабота 1 март
МЗТ СКОПЈЕ А. – ВАРДАР 88-66
ФЕНИКС – МКК КУМАНОВО 84-75
19.00 ШКУПИ – ПЕЛИСТЕР
20.30 ЧАИР – ТФТ
Недела 2 март
18.00 РАБОТНИЧКИ – ТИКВЕШ
Понеделник 3 март
18.00 КОЖУВ – ГОСТИВАР
ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 32 бодови, ТФТ 29, МКК Куманово 29, Работнички 27, Пелистер 27, Феникс 25, Кожув 27, Чаир 26, Тиквеш 24, Гостивар 23, Шкупи 24, Вардар 18.