Екипата на Борусија Дортмунд и реми без голови им беше доволно против Спортинг од Лисабон за осмина-финале. Со вкупен резултат од двата натревари од 3:0 во корист на минатогодишниот финалист, „жолтиот ѕид” се пласираше во следната фаза од Лигата на Шампионите.

Дортмунд доминираше на секоја сцена од натпреварот дури и во здодевното пево полувреме. Додека во второто полувреме Гираси промаши пенал во 59.та минута, а во 74.та минута гол му беше поништен на Емре Чан поради офсајд. Спортинг притисна со цела снага но сепак по зсминувањето на Рубен Аморим не ја поседуваат истата магија.

Борусија Дортмунд во ждребот за осмина-финале ќе го добие за противник еден од тимовите на Астон Вила или Лил.

Вечерва ќе ги дознаеме последните три патници во осминафиналето.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ 1/16-ФИНАЛЕТО
Реванш среда 19 февруари

БОРУСИЈА Д. – СПОРТИНГ Л. 0-0 (3-0)
РЕАЛ М. – МАНЧЕСТЕР С. (3-2 прв натпревар)
ПСЖ – БРЕСТ (3-0)
ПСВ АЈНДХОВЕН – ЈУВЕНТУС (1-2)