Младата репрезентација на Македонија до 18 година денеска и во четврток ќе одигра два контролни натпревари против врсниците од Босна и Херцеговина.
На овие натпревари, селекторот Димитар Капинковски ќе има добра можност да провери поголем дел од фудбалерите кои се најдоа на неговиот список.
Контролните дуели ќе се играат на тренинг центарот „Петар Милошевски“ крај ФФМ.
Првиот (денеска) започнува во 13 часот, а вториот (четврток) во 11 часот.