Во фудбалската Лига на шампиони денеска и утре ќе се играат реванш натпреварите од шеснаесетина-финалето. Вечерва ќе дознаеме уште четири тима кои ќе минат во следната осминафинална рунда.

Во сите четири реванш натпревари една екипа има по еден гол плодност.

Италијанските тимови на Милан и Аталанта пред своите навивачи ќе треба да надополнат негатива во дуелите со Феенорд и Клуб Бриж. Ова откако холандскиот и белгискиот тим, минатата недела, ги добија првите дуели со 1-0.

Милан важеше за голем фаворит, а во иста, па и поповолна ситуација се и сега „росо-нерите“. Тоа пред се поради големите проблеми на Феенорд кој на овој меч неможе да смета на дури деветмина фудбалери.

Со минимална посредност но на домашен терен реванш дуелите ќе ги почнат Баерн Минхен и Бенфика.
Баварците славеа на гостувањето во Глазгов, но Селтик покажа дека може да биде и тоа како опасен, па благодарение на Ноер и неговите интервенции, Баерн влегува со предност од 2-1.

Во Лисабон, Бенфика ќе стартува со почетни 1-0 против Монако, остварена на првиот меч во Монте Карло. Францускиот тим на тој меч немаше расположени стрелци, но затоа во неделата против Нант постигна дури седум гола. Ќе бидат ли така ефикасни против Бенфика играчите на Монако останува да се види.

Останатите четири реванш дуели од оваа рунда ќе се играта утре.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ 1/16-ФИНАЛЕ (РЕВАНШИ)

вторник 18 февруари
МИЛАН – ФЕЕНОРД од 18.45 часот (0-1 прв натпревар)
БАЕРН М. – СЕЛТИК од 21 часот (2-1)
БЕНФИКА – МОНАКО (1-0)
АТАЛАНТА – КЛУБ БРИЖ (1-2)
среда 19 февруари
РЕАЛ М. – МАНЧЕСТЕР С. (3-2 прв натпревар)
ПСЖ – БРЕСТ (3-0)
ПСВ АЈНДХОВЕН – ЈУВЕНТУС (1-2)
БОРУСИЈА Д. – СПОРТИНГ Л. (3-0)