На задоволство на германската публика и пред се градот Минхен кој ќе биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите, Баерм останува во игра.

Имено Баварците се изнамачија во двомечот со шкотскиот Селктик. Откако во Глазгов славеа со 2-1, вечерва пред своите симпатизери одиграа 1-1.

Гостинскиот тим поведе со голот на Николас Гери Кум во 63-тата минута. Тој резултат му носеше дополнителни 30 минути на Селтик кој одигра храбро.

Сепак, во четвртата минута од судиското дополнение Дејвис успеа да го најде патот до мрежата на Шмајхел и да израмни на 1-1.

Така Баерн со вкупни 3-2, го мина Селтик и се пласира во осминафиналето.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ 1/16-ФИНАЛЕ РЕВАНШ
вторник 18 февруари

БАЕРН М. – СЕЛТИК 1-0 (2-1 прв натпревар)
БЕНФИКА – МОНАКО 3-3 (1-0)
АТАЛАНТА – КЛУБ БРИЖ 1-3 (1-2)
МИЛАН – ФЕЕНОРД 1-1 (0-1)
среда 19 февруари
РЕАЛ М. – МАНЧЕСТЕР С. (3-2 прв натпревар)
ПСЖ – БРЕСТ (3-0)
ПСВ АЈНДХОВЕН – ЈУВЕНТУС (1-2)
БОРУСИЈА Д. – СПОРТИНГ Л. (3-0)
Пласман во осминафинале