Сите вљубеници во кошаркарскиот спорт денеска, па и во наредните два дена се во Гевгелија каде се одржува завршницата на Купот на Македонија.

Првиот ден заврши со четвртфиналните натпревари во машка конкуренција. На четирите одиграни натпревари присутните во салата „26 Април“ се прашуваа „Каде е Перо Антиќ, претседателот на федерацијата„!?

Да, Антиќ беше во Гевгелија, вчера да се слика за време на прес конференцијата, но денеска, ни трага ни глас од него.

„Мистеријата“ лесно беше разрешена, благодарение на српските медиуми.

Имено Антиќ, вечерва бил во Бања Лука каде се одржа „Сретењската академија“. Таму Србија и Српската Република за прв пад заедно го прославуваат Денот на државноста.

Ех мој „преЦедниче!!!

Но, јасно му е на некогашниот прославен кошаркар, дека сите „кредити“ во мак-баскетот одамна ги загуби. Овој е само врв на неговото „владеење“ во мак-баскетот, но и тоа ќе трае уште кратко.

Веќе е јасно дека Антиќ ги одбројува последните денови (максимум месец), по што тивко ќе замине, како од Гевгелија, така и од КФМ. Ова особено по последното Годишно Собрание на МКФ, на кое Антиќ само „си купи време“

Дополнителни коментари се излишни !!!