Бранителот на трофејот во кошаркарскиот Куп на Македонија, МЗТ Скопје Аеродром е последниот, четврти тим, што обезбеди пласман во полуфиналето.

Аеродромци многу полесно од очекуваното, во четвртфиналето го совладаа вечниот ривал Работнички со 97-63.

Работнички беше рамноправен ти само во воведните пет минути од натпреварот, кога и за последен пат имаше предност (13-16). Се останато мина во знакот на МЗТ кој полека ја преземаше иницијативата и ја зголемуваше предноста. Уште на полувремето ародромци имаа +17.

Повеќе од јасно беше јасно дека Работнички неможе да ми се спротивстави на расположениот МЗТ, па сино-белите лесно стигнаа до полуфиналето. На крајот МЗТ славеше со убедил 34 поени разлика.

Во него МЗТ Скопје за противник ќе го има битолски Пелистер, во дуел кој практично ќе биде реприза на ланското финале на Купот, но и плејофот. Пелистерци место меѓу четирите најдобри изборија со победата над Чаир.

Според распоредот тој натпревар ќе се игра во терминот од 18 часот, а по него (20.30 часот) ќе следува дуелот Гостивар – Кожув.

Како увертира на машките полуфинални натпревар, ќе се играат дуелите во женска конкуренција.

Во нив во полуфиналето ќе се сретнат Крива Паланка – Вардар (13 часот) и Баскет Кам – Бадел (15.30 часот).