Екипите на Баерн Минхен и Порто направија славеа победи во првите дуелите од шеснаесетина-финалето во Лигата на шампионите.

На дуелот во Глазгов, германскиот гигант Баерн го совлада шкотскиот Селтик со 2-1.

Иако домаќините постигнаа гол по само 15.секунди игра, тој беше поништен поради офсајд. Гостите од Минхен до водство стигнаа во финишот на првиот дел (45) со голот на Французинот, Олисе.

По само четири минути игра во вториот дел Хари Кејн зголеми на 2-0. Шкотскиот тим покажа голем карактер и борбеност, која се исплатеше. Во 79-тата минута Јапонецот, Маеда постигна гол и намали на 1-2. Иако Селтик со сите сили се обидуваше да стигне до израмнување, тоа не им успеа. Најзаслужен за тоа беше Мануел Нојер кој имаше неколку одлични интервенции и му овозможи на Баерн да слави победа.

На дуелот во Монте Карло, португалскиот тим Бенфика славеше со 1-0 против Монако.

Единствениот гол на натпреварот го постигна Гркот, Вангелис Павлидис во 48-та минута.

Реванш натпреварите ќе се играат во вторник (18 февруари).