Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги обелодени деталите за првото издание на младинската ракометна Лига на шампионите. Во неа свој претставбик ќе има и макеоднија во екипата на ЕРурофарм Пелистер.

По првичната идеја три клуба го откажаа своето учество во групната фаза (Алборг, Фредериција, Колштад) и на нивно место повикани се ГОГ Гудме, Војводина и Савехоф.

Вкупно 16 екипи се поделени во четири групи во четири града, од кои само победниците ќе се пласираат на младинскиот завршен турнир во Келн

Младите битолски ракометари ќе играат на турнирот во Букурешт. Таму за противници ќе ги Еурофарм Пелистер
Динамо Букурешт, Киелце и Висла Плоцк. Групната фаза ќе се одигра на 17 и 19 април 2025 година. Во натпреварите од младинската Лига на шампиони можат да настапат ракометари до 18 години и помлади. Екипата на Еурофарм Пелистер ќе ја водат тренерите Фарук Мемиќ и Кире Митревски.

Група 1 (организатор Веспрем):
Полуфинале:
Веспрем – Војводија
ПИК Сегед – Загреб
Група 2 (организатор Барселона):
Полуфинале:
Барселона – Нант
ПСЖ – Спортинг
Група 3 (организатор Фуксе Берлин):
Полуфинале:
Фуксе Берлин – Савехоф
Магдебург – ГОГ Гудме
Група 4 (организатор Динамо Букурешт):
Полуфинале:
Киелце – Еурофарм Пелистерж
Висла Плоцк – Динамо Букурешт