Во првата машка кошаркарска лига се одиграа три од петте предвидени натпревари за денеска. На програмата се дуелите од 16-тото коло.

Шампионот МЗТ Скопје Аеродром немаше никакви проблеми во дуелот со Чаир кого го совлада со 86-74. Аеродромци победата ја најавија уште во првата четвртина. Имаа домаќините и најголеми +28 и рутински ја одржуваа убедливата предност. На полувремето МЗТ замина со +21 разлика. Чиста формалност беше вториот дел, па МЗТ Скопје ја впиша тринаесеттата победа.

Очекувано и лесно до триумф дојде и Работнички совладувајќи го Вардар тим кој досега сезонава се нема израдувано на победа.

Нешто понеизвесен беше натпреварот во Гостивар каде гостуваше МКК Куманово. Тимот предводен од поранешниот македонски селектор Марин Докузовски оствари триумф со шест поени разлика.

Во тек е натпреварот во Гевгелија каде Кожув игра против Пелистер, а од 20 часот ќе стартува дуелот Феникс – Тиквеш. За утре останува да се одигра последниот натпревар од ова коло меѓу Шкупи и ТФТ.

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 16 коло

Сабота 1 февруари
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ЧАИР 86-74
РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР 112-73
ГОСТИВАР – МКК КУМАНОВО 56-62
КОЖУВ – ПЕЛИСТЕР во тек
ФЕНИКС – ТИКВЕШ од 20 часот
Недела 2 февруари
ШКУПИ – ТФТ од 18 часот