Веста која звучи неверојатно и можеби „лажна вест“, но го потресе кошаркарскиот свет.

Неа ја пренесува американската телевизија „ЕСПН“ која вели дека Далас Маверикс и Лос Анџелес Лејкерс направија еден од најголемите размени во историјата.

Така, Лука Дончиќ , Макси Клебер и Маркиф Морис се селат во Лос Анџелес Лејкерс, а Ентони Дејвис, Макс Кристи и пик од првата рунда на драфтот во 2029 година се селат во Далас.

Трејдот ги вклучи и ЏеЈута Џез, кои го добија Џејлен Худ-Сцифино, пик од вториот круг од Лејкерс и Мавс во 2025 година.

Наводно, Далас бил тој што го иницирал трејдот нудејќи го Дончиќ на Лејкерси, по што се создала рамка која ја овозможила размената.