До крајот на Светското првенство во ракомет остануваат да се одиграат уште три натпревари и сите во Осло. Првиот на програмата е вечерва (20:30 часот) во второто полуфинале ќе играат трикратниот и актуелен шампион Данска против најпријатното изненадување на шампионатот селекцијата на Португалија.
Двете репрезентации се без пораз на првенството притоа Данска на седумте дуели има истотолку победи, додека Португалија има шест победи со еден нерешен резултат против Шведска (главна фаза), но треба да се напомене на победите над Норвешка (прва фаза); Шпанија (главна фаза) и Германија (четвртфинале). Резултатите и игрите на Португалците се изненадување, но нивниот подем е очигледен последните неколку години. Ова за нив е шесто учество на Светскот првенство, а додега најдобриот пласман го имаа на 10.место пред четири година во Египет.
Данска е актуелен светски првак, но оваа репрезентација нема пораз на Светско првенство од 22.јануари 2017 година кога во Албервил загуби од Унгарија со 25:27. На следните натпревари на четири светски првенства заедно со ова данските ракометари одиграа 35 натпревари со 33 победи и два нерешени дуели (Каиро 2021 – победа на пенал над Египет во четвртфинале и Малме 2023 – нерешено во главна фаза со Хрватска 32:32).
Победникот од ова полуфинале в недела ќе биде противник на Хрватска во финалето, додека поразениот од овој дуел ќе игра против Франција за бронзениот медал.