Македонската футсал репрезентација го претрпе вториот пораз во квалификации за ЕП 2026-та.
На натпреварот од 3.коло во групата 7, одигран во СЦ „Јане Сандански“ Македонија е поразена од Португалија со 1-5.
Актуелниот европски шампион сепак се покажа како преголем ривал за капацитетот на македонската футсал селекција.
Иако со голот на Рамадан во 9.минута Македонија имаше предност од 1-0, во продолжението следуваа пет голови на Португалците.
Ова беше вториот пораз за Македонија која во првото коло загуби на гостувањето кај Холандија, а потоа одигра без победник (1-1) дома со Андора.
Веќе во недела следува реваншот со Португалија на гостински терен.