На домашната спортска сцена денеска активна единствено македонската футсал репрезентација.

Тие денеска ќе го играат третиот натпревар во квалификациите за Европскиот шампионат 2026-та.

Во рамките од 3.коло на група 7, Македонија ја пречекува Португалија која е актуелниот европски шампион и поранешен светски првак

Португалците кои во своите редови ги имаа двајцата најдобри играчи во овој спорт на денешницата, секако важи за апсолутен фаворит. Тие веќе впишаа две победи над Андора со 7-2 и против Португалија со 4-2.

Од друга страна пак Македонија која е десеткувана за двомечот со Португалците има пораз од Холандија 0-4 и реми со Андора 1-1.

Првиот (денешниот) од двата натпревари Македонија – Португалија ќе се игра во СЦ „Јане Сандански” од 19 часот. Натпреварот може да го следите низ директен ТВ предност на МРТ3 (овде)

Возвратниот натпревар е закажан за во среда (5 февруари) во Одивелас.