Фудбалската Лига на шампиони полека влегува во фаза на кулминација. Иако на програмата се натпреварите од осмата рунда, сепак по неа ќе се знае кои екипи продолжуваат понатаму.
Новиот систем на натпревари во единствена лига со 32 клуба, предвидува по ова коло, да ги дознаеме осминафиналистите, но и оние кои ќе играа во првата нокаут фаза.
Досега единствено сигурно е дека двата водечки тима Ливерпул и Барселона се сигурни патници во осминафиналето. Во него повеќе пласман би требало да обезбедат и Арсенал и Интер кои само теоретски неможе да бидат меѓу осумте најдобри.
Дури 13 екипи се во разлика од 3 бода
Калкулации за останатите позиции има многу, па дури и за оние ко шеснаесетина финалето.
Таму пак засега место нема за англискиот шампион Манчестер Сити. Популарните „Граѓани“ се на 25-тата позиција со 8 бодови колку има и Динамо. Тоа се двата тима заедно со Шахтјор за кои победеа вечерва е императив.
Математики има премногу, а сите дилеми ќе бидат разрешени пред 23 часот, кога треба да завршат сите 18 натпревари кои ќе стартуваат во 21 часот.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ 8.КОЛО
БАРЕЛОНА – АТАЛАНТА
АСТОН ВИЛА – СЕЛТИК
БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН – СПАРТА ПРАГА
БАЕРН МИНХЕН – СЛОВАН БРАТИСЛАВА
БОРУСИЈА ДОРТМУНД – ШАХТЈОР
БРЕСТ – РЕАЛ МАДРИД
ДИНАМО ЗАГРЕБ – МИЛАН
ЏИРОНА – АРСЕНАЛ
ИНТЕР – МОНАКО
ЈУВЕНТУС – БЕНФИКА
ЛИЛ – ФЕЕНОРД
МАНЧЕСТЕР СИТИ – КЛУБ БРИЖ
ПСВ – ЛИВЕРПУЛ
САЛЦБУРГ – АТЛЕТИКО МАДРИД
СПОРТИНГ ЛИСАБОН – БОЛОЊА
ШТУРМ ГРАЦ – РБ ЛАЈПЦИГ
ШТУТГАРТ – ПСЖ
ЈАНГ БОЈС – ЦРВЕНА ЗВЕЗДА