Денеска во Минхен се одржа ждрепка на која беа одредени сите натпреварувачки групи за претстојните младински првенства.
Машката селекција која минатото лето не израдува со пласманот во А дивизијата сега ќе игра во второлигашката конкуренција. На Европското првенство за играчи до 20 години генерација ќе 2005-помлади ќе игра (Б дивизија) во Ереван, Ерменија, во периодот од 11 до 20 јули.
Таму за противници во групата Ц, ќе ги имаат врсниците од Естонија, Летонија, Ирска и Ерменија.
Македонската кошаркарска федерација ќе биде организатор на Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркари „Под 16“ години, а ќе биде реализирано во Скопје.
Кадетската машка репрезентација, која ќе настапува пред домашната публика, во периодот од 1 до 16 август, да биде сместена во групата Б. Во истата група се селекции на Полска, Словачка, Босна и Херцеговина, Ирска и Кипар.
Единствената репрезентација која ќе се натпреварува во елитната А дивизија е селекцијата до 18 години. Македонските кадети ќе играат на шампионатот во Белград, Србија, во периодот од 26 јули до 3 август. Нашата репрезентација е сместена во групата Ц заедно со домаќинот Србија, Грција и Литванија.
Во женска конкуренција, настап ќе имаат две селекции до 18 и до 16 години.
Кадетска репрезентација (до 16 години) ќе настапи дивизија Б, во Истанбул, Турција, од 20-29. август. Кадетките се сместени во групата местени во групата Д заедно со Грција, Бугарија, Литванија и Украина.
Женската репрезентација до 18 години, исто така ќе игра во Б дивизија, во Алитус и Вилнус, Литванија, од 4 до 13 јули. Јуниорките се сместени во групата А заедно со соодветните национални селекции на Германија, Ирска, Шведска и Романија.