Вечерта во НБА лигата мина во знакот на дуелот на вечните ривали Лејкерси и Селтикс.
Дуелот одигран во Лос Анџелес каде гостуваше Бостон им припадна на домаќините Лејкерси со 117-96.
Ентони Дејвис беше прв стрелец во победничката екипа со 24 поени, еден повеќе од Остин Ривс. Блиску до трип-дабл беше Леброн Џејмс кој заврши со 20 поени, 14 скока и 8 асистенции. Кај Бостон, прво име беше Летонецот, Порзингис со 22 поени (7 скокови), а Браун и Тејтјум подзастанаа на 17 односно 16 поени.
Големо изненадување приреди Далас кој го порази најдобриот тим во лигата Оклахома сити. И без Лука Дончиќ (сеуште повреден), Маверикс на гостински терен славеа над Тандерс со 115-121.
Бадијала останаа 33 поени на Вилијанс и 31 на Гилгиус-Александар кога „Громовите“ загубија. За Оклахома ова беше втор пораз на последните четири натпревари, а вкупно осми сезонава.
Резултати од останатите натпревари:
Орландо – Портланд 79:101
Атланта – Торонто 119:122
Оклахома – Далас 115:121
Милвоки – Мајами 125:96
Денвер – Сакраменто 132:123
Голден Стејт – Чикаго 131:106
ЛА Клиперс – Вашингтон 110:93
Индијана – Сан Антонио 110:140